ѓавол (м.)
И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Нека ги ѓаволот однесе! Веќе не мислам на нив…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
АРСО: Е, ова е: сакам да се посветам, ама ѓаволот не ме остава.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И ѓаволот сам да го направил, пак е благословена направа.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Кумашинците! Кој ѓавол бараат?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Бре изел те волкот!... Ѓавол!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А мори, стрино, не е ѓаволот толку црн колку што го прикажуваат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Та кога ќе ги додадеш и пустите пари и стока од Антица, како што ти реков: „ништо не го запира да стане и црн ѓавол“!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Каков Ѓавол? се обидов да изгледам рамнодушен. - Ѓаволи нема. Ти тоа го измислуваш.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Какви одаи, по ѓаволите? Што трескаш? Јас одаи не барав. Во друго беше работата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бесно замавнував со копачката и го потсилував ортакот, тогаш мој, подоцна на ѓаволот. - Подлабоко, подлабоко, Кузмане.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Никакво чудо не е. Ѓаволот, ни ора, ни копа, со луѓето џумбус си прави.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Денеска ме излага ѓаволот, та ошче еднаш — толку жив ќе биде!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како ги собра со момците, така отидоа по ѓаволите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика: - Јатак!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Еднаш кога Капсула и јас се готвевме за ноќен лов, влезе некаков ѓавол во неговиот дедо - да оди и тој со нас.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не давај му да дојде близу до туѓинските нишани, нека се крие зад камењата и нека не трча во устата на ѓаволот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)