шума (ж.)

Шт' она барат в такво доба, кога сегде тихо, глухо сегде, т'мно сегде, сичко ношт покрила, и планини и долини, шуми и пољани, и широките градини, сичкиј бел свет божиј, кога сичко сја починват од печалби дневни, как зверове, так и птици питоми и диви.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Назад- зад куќарчето планина на која се гледа село со растурени куќи овде-онде е ретка шума.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Апсолутно апсурд. Од шума дојдоха, таму нека си се вратат.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Скршнувајќи од друмот, колата набргу навлезе и се скри во честа коштанова шума.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Облекла Стојна руба партизанска, отишла Стојна во гора зелена: „Горо ле горо, горо зелена, горо зелена, шумо бујата, чуваш ли брата, брата Јована?“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дел од кошулата расип — вода за растур раст — храст, ситна шума ресен — веленце со реси, тулбен, шамија со реси реченија — судбина решме — женски накит од многу срсбрени пари нашиени на подвески ромак — болно, обично криво животно кое дома се храни и пои ронкарка — метла со која се метат ронките 'рслан — лав 1) Во преносна см. син како лав рувет — носија рута — награда за трудот што го дава човек на човека, чорбаџија на момокот саватлија — прстен сребрен со монограм саѓиа — женска облека до над колена со кистови сајсана — добра кобила, атица сакма — машка долга облека, дебела место долго палто сак'н — немој сакуле — малечко торбиче светилник — железна направа со венец на која се клава боријата да свети сврчок — ѕадникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Јас не можа без шума, — му одговори на началникот, кога овој го праша каква служба сака да му даде кога веќе се посрби“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беше сигурен:ја минаа шумичката и од еден скоро непреоден дол, заштитен со боцкави змии на густо збиени капини, излегоа пред студен рид, нем и пуст како тајна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак ... тројцата се силни млади селани, три стебла од иста шума.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мојата шума е мојот мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрчна кон шумата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Негде, од зад долот од кој доаѓаше шушкаво клокотење на вода, плисна густо јато диви гулаби, ја прелета првата шумичка, но неочекувано го промени правецот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дури тогаш исправи се и појди в шума да ги закопаш мртвите раце и мртвата птичја сенка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Небото вели не знам кој шуми гранките или коренот.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ноќта мирисаше на смола, шушкаше како онаа шума во која се враќаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Цепенко го стегна тагарецот што му беше в раце, загреба по земјата и заползи накај блиската шума.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе