штркне (св.)
Ја стегна под мишка, штркна со затворачот втерувајќи фишек во цевката спокојно рече: - Ќе бројам до три!
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не штркајте само како страчки.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кусо, самоделски истрижана. Ѝ стоеше како четка. Штркната нагоре.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)