штрбав прид.

штрбав (прид.)

- Ме затворија и ме тепаа кучињата. - И опцу некако чудно низ штрбавата уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Тој ќе ме повела! рече штрбавата насмевка, оној чуден грч што ги плаши луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Гостинот пак ги покажа забите; тие беа ретки и црни, насмевката му беше штрбава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги разминуваш куќите, како луѓе со извадени очи, извртени. Сѐ е шаштисано, штрбаво, оградено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По ударот со кундак во куќата на немата девојка, Лозан Перуника се чувствувал грд и штрбав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оние погрдите, штрбавите, со растурени црни косишта како диви повивјаци на сув брест, очигледно се вештерките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Музиката е одамна стивната. Од сето музицирање над Леденото Езеро останало само штрбавото свржење на ветерот кој од потта што извираше на лицата, беше си почнал да навезува бел превез.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од куќарашките наковани во подножјето на штрбавиот рид, никој не излезе, ниту се јави. Ајде не пукни си!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некој штрбав, или некоја ќелава, грбава полесно ќе ја вработат од мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)