штрајк (м.)

Оној, мојон, утринава пак замина. Готви некој штрајк во Перник.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш сите рекоа: Добро. Змејко тогаш првпат го чу зборот штрајк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- За татко ти, за штрајковите на работиниците, - продолжи да прикажува чичко Тале - има многу да се прикажува.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Има напишано и две сценарија за документарни филмови и тоа „Бараме леб“ и „Штрајкот на велешките гимназисти“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Емпириската социологија со практични цели беше таа што ветуваше дека ќе ги разреши општествените конфликти, ќе ги спречи штрајковите, несигурноста и нередите, то ест ќе им помогне на луѓето и институциите да ги реализираат своите цели.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не се работи повеќе за индустриски, тешки машини, кои се (беа) објекти на насилство за време на штрајкови и кои, на крајот од едноличната „работа”, налутено ги исклучуваш, ги туркаш од себе и се трудиш веднаш да ги заборавиш; твоето слободно време започнува на другата страна од нивниот работен делокруг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Познато е дека италијанската пошта функционира лошо (дилетантизмот на населението?) и дека во Франција штрајкот е хронична болест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Некои албански реалности ми се вртат во главата, ви испратив една картичка која ја зедов за да ја испратам од поштата во Фрежис зашто трите поштенски центри во Монпелје беа во штрајк веќе три недели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Обезбедувањето во трговските центри редовно ги исфрла мирните демонстранти заради попречување на купувањето, па дури и штрајковите се незаконски во рамките на овие затворени простори.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Спротивно на неа, по ново, на работникот може да му се даде отказ ако организирал или учествувал во штрајк кој не е организиран во согласност со закон и колективен договор или, ако за време на штрајкот, направил некоја друга тешка повреда на договорот за вработување (чл. 239, ЗРО/05); г) избришана е и одредбата која велеше дека, во текот на штрајкот, органот на управување и работоводниот орган не можат да вработуваат работници кои би ги замениле учесниците во штрајкот (чл. 14, ЗШ/91), и на нејзино место е вметната една крута и заплашувачка одредба, според која работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа само во одговор на веќе започнат штрајк!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Во серијата репресивни мерки, кои имаат тенденција да го обесхрабрат штрајкувањето, се и следниве: 55 а) наместо одредбата која предвидуваше дека штрајкувачкиот одбор е должен штрајкот да го најави најдоцна пет дена пред денот определен за негов почеток (чл. 3, ЗШ/91), сега се воведе една одолговлекувачка обврска која предвидува дека штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон и „акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот“ (чл. 236, ЗРО/05); 38 б) работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд овој да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на Законот, како и да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО/05); в) воведени се посебни правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк:
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Членот 35 пропишува дека носителите на раководни функции и лицата од кои зависи техничко-технолошкиот процес и се од незаменливо значење за одвивање на дејноста на претпријатието не можат да учествуваат во штрајк, а согласно член 36, ако вработените спротивно на овој закон ги запоседнале и се задржуваат во објектите и административните простории на јавното претпријатие, директорот на јавното претпријатие е должен да преземе мерки заради нивно отстранување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 240, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој – кој и самиот има организирано работнички штрајкови – вели дека доколку во иднина повторно би се случило прекршување на работничко право, пак би го одбрал истиот пат како и тогаш. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи вакви теренски испитувања се значително ретки во нашата држава, покрај првичната цел поврзана стриктно со конкретниот судски спор кој е во центарот на нашата анализа, гледавме ова истражу- вање истовремено да го искористиме и за прибирање податоци „од прва рака“ во врска со [не]запознаеноста на работниците за низа, навидум стручни, а всушност секојдневни прашања со кои тие се среќаваат на работното место (на пример: дали знаат како се формира синдикат на ниво на работодавач?; дали се запознаени како тече процедурата за организирање штрајк?; дали имаат информации за корупција кај трудовата инспекција? и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со единственото изменување и дополнување на овој закон дојде до продолжување на рокот во кој странката која ги добила предлогот и документацијата од надлежното министерство треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот; се донесе одредба која дополнително го ограничува правото на штрајк во дејностите од општ интерес во случај на колективен спор; целосно се избришаа правата на помирувачите, односно арбитрите на стручно усовршување, правото на плата и придонеси од задолжително социјално осигурување, а се укина и Републичкиот судски совет за мирно решавање на работните спорови.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА Во 2008 година беше донесен првиот Закон за судска служба, кој во 2014 година беше заменет со нов.140 Овие закони содржат дополнителни одредби за правото на штрајк на вработените во судската служба и на припадниците на судската полиција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Единствената разлика во однос на државните службеници беше тоа што при штрајк на јавните службеници не беше пропишана нивна обврска да обезбедат извршување на ратификуваните меѓународни договори.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)