штичка (ж.)
Кога ги симнаа од бесилката, аџиите најдоа на нивните глави една мала штичка на која пишуваше: Умираме за светата вера православна и златната слобода.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бојан пронајде некакви тенки штички, парче скината вреќа и малку врвца.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Насекаде наоколу непозати луѓе се фрлаа на земјата, ги бакнуваа штичките со напишаните имиња, пискаа, редеа слики со рамки на гробовите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тие се провираат низ пукнатините на штичките и низ растојанијата од едната до другата. ...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од двете страни на местото по кое се поминува за да се оди кон свеќниците, пред олтарот, имаше по пет, едни како столови, ама не да седнеш туку со држачи да си ги поставиш рацете и со една штичка да си го потпреш задникот кога ќе ти дотекне да стоиш.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Гледаш, материјал колку да посакаш; летви, летвички, штици и штички.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Овој изум е толку едноставен што секој би можел да го измисли: две штички, оган и светилка.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Потоа дојде една непријатност и тој ја зема штичката обвиткана со памук, ја бутна под повредениот прст, сето тоа го врза со завој, размислувајќи дека овој прст поради скок преку некаква дупка или поради некој нездогледан корен, поради охолост или лекомисленост - накратко, дека, се чини, е скршен во длабока врска со текот на овој живот и со судбината, а тој сега мора да се грижи за него како за некој што е далеку или избегал, па наслушна во длабочината, каде што како во некаков момент на болка се слушна уште некој глас. Маргина 36 57
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Одев, влегов во скрипториумот и речиси ќе снеможев кога видов: на масата за препишување, точно крај неговата лева рака, стоеше негибната, ниту начадена дури – штичката што говори, а што пред малку ја спаливме ние, безумните браќа и ближни негови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Се исплашив синко, за штичкава“, рече одеднаш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа работа нема крај, и трае, еве десет лета божји веќе, откако ми ја даде оној кого го исцелив; кога вечерва ја побарав во одајата, штичката не беше таму.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мери некои летвички, со вистинско метро ги мери; мазни некои штички со мало ноже; се внел човекот во некоја работа која и најумниот не може да ја разбере.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)