штаб м.
штабен прид.

штаб (м.)

70. Така, на пр., во писмото од Главниот штаб на Востанието од 9.9.1903 год. до бугарската влада настојчиво се бара „најефикасна помош со војна”, како „патриотско замешување”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досега може не е исполнета ни половината, ни четвртината од целиот план изработен од комитетот и неговиот Главен штаб.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И, наеднаш во очите му блесна искра: тој решително зачекори накај високите црници, во правец на бараката на штабот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Борис знае - во таа куќа е штабот; одговарајќи на бабиното прашање дека е здрав, добро облечен и секогаш најаден, се ведне кон нејзиното чело и ја целива.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Марија - Јана. Јосиф - Симеон! Ти си кретен, свети духу, мислеше и не знаеше што мислат за него сите оние од Нојовиот ковчег собрани како штаб за да го судат за дезертрство од човечката кожа, за ноќно `рзнување и обеспокојување на сѐ што е живо во тој библиски кораб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- И, заедно со Питу и со другите војводи, влегоа во шаторот на штабот. Таму веќе го чекаа писма.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа осудата на тој штаб беше збиена во три букви - луд!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој ден Горскиот штаб го одржа своето последно заседание.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го прашуваа за партизаните, за штабот, за претседателот на Месниот народен одбор, но тој спокојно им одговори: - За тие работи ништо не знам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Тука е штабот - му шепна Евто на Трајчета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ете машина за штабот! - рече комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сами погодуваа оти право ќе ги носат во Ловаѓе каде што беше штабот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ќе чекаме одговор од штабот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ние, штабов, такво решение зедовме и по него ќе постапиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Другари, четници! — се провикна потем Пере. — Нашиов штаб, како што слушнавте, ќе се прибира во Бугарија, да ги спасува своите глави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во нашата куќа беше сместен некаков штаб. Не знам каков.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе