шпедиција ж.

шпедиција (ж.)

Нерешително стоевме пред вратата на една од адвокатските канцеларии, во која никој никогаш не влегуваше, и под чија наполу избришана фирма „Адвокат“ стоеше мала пожолтена хартија со дополнување: „Поморска шпедиција - застапник“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кого застапуваше адвокатот? И од каде тргнуваше таа поморска шпедиција?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И сѐ така, стручни шоферски прашања, а јас, натпреварувајќи се со самата себе, се обидував со одговорите да му објаснам за разработениот систем, кој пред фискализацијата навистина така и функционираше, дека сѐ е сиво и како станува бело, небаре утре ќе отвора бутик, па, ете, јас ќе му помогнам околу фактурите, декларациите, увозот, шпедицијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)