шоферски (прид.)
Чичкото шофер се насмевна широко, ја симна шоферската капа од главата, се разлади малку по лицето, мавтајќи ја капата лево-десно и пак си ја качи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Всушност, Марко својата шоферска работа во Канада ја започнал како совозач на Али во истата компанија во која што Марко уште работи па сега, од првиот паркинг, му се јави по телефон.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И сѐ така, стручни шоферски прашања, а јас, натпреварувајќи се со самата себе, се обидував со одговорите да му објаснам за разработениот систем, кој пред фискализацијата навистина така и функционираше, дека сѐ е сиво и како станува бело, небаре утре ќе отвора бутик, па, ете, јас ќе му помогнам околу фактурите, декларациите, увозот, шпедицијата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)