шминка (несв.)
Се разбира, истовремено и се шминкаше.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Утредента, кога се подготвував да тргнам на училиште, ѝ пријдов на мајка ми додека ја палеше „првата цигара крај шолјичката со првото кафе“ (како што има обичај да рече) и истовремено си ги шминкаше очите, и ја прашав отсечно и строго.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Никогаш не поднесувал шминка. Никогаш додека беше со Аниса не ја оставаше да се шминка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога не се шминкаше, од здодевност не знаеше што да прави, та често ги префрлаше нозете една врз друга, ги склучуваше прстите и ги отпушташе, ги вртеше прстените и на едната и на другата рака, ја потчукнуваше со дланките собраната коса и од едната и од другата страна дотерувајќи ја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа рошка низ чантата, вади прибор и се шминка; Богдан ѝ го гледа повремено лицето на стаклото од прозорецот и осеќа во носот силни мириси што се сменуваат или се мешаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Освен тоа, се дебелеам и стареам. Нерадо се шминкам...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Шминкањето не беше изведено многу вешто, но Винстоновите стандарди во тој поглед не беа високи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Жените од Партијата никогаш не ги шминкаат своите лица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А еве зошто се смеев: прво, затоа што воопшто се шминка; второ, затоа што си стави неколку килограми пудра на лицето; и трето, затоа што веруваше во онаа глупост за седум години несреќа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ѝ се изнасмеав на жена ми онаа вечер, кога, додека се шминкаше, огледалцето ѝ падна и се искрши.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Пола од денот го поминуе на шминкање и оговарање, а муабетот главно им се состои во тоа каде би излегле вечерта.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ако се од женски пол се шминкаат на несоодветни пригоди како на пример на излет или дневна прошетка во парк. шминкерите ги мешаат работите, затоа што не се сигурни што сакаат и во која група припаѓаат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Бојана беше наведната над големото тркалезно огледало и се шминкаше.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)