шина (ж.)

И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осаменост, ќе легнам врз шините на накој колосек или ќе се обесам на својата врска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најпосле и вовчето зазбива сѐ посилно и посилно, па се вовлече меѓу дрворедите згустени крај шините.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А шините сѐ позабрзано и повозбудено шепотеа: - Некој доаѓа! Некој доаѓа!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Доцна е веќе! - офнаа шините. - Доцна е и за нас и за тебе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дремеше врз ’рѓосаните шини со скршено железно срце во осовините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си идам јас оздола, вели, на еден жванец му ги стегав колцата, му клавав каврани, му ги опточував со шини, со обрачи и со тасои, вели, и гледам нешто ми се црнее на патот. Црно и бело заедно, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пругата е откорната, праговите превртени. За шините дремат врзани коњи и магариња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
15 ПО ПОЈАДОКОТ, пак удрија на шината. На собиралиштето построени мажи, потаму жени во молк. Високиот со чистите чизми врши преглед.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги затворија вратите од вагоните. Локомотивата свирна и тргнавме по шините по кои јас појдов пеш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А имаше такви кои ја напасуваа стоката по насипот на пругата, кои намерно ги растураа камењата, ги одвртуваа штрафовите од шините и ги крадеа праговите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од друга страна, неколку кози и биволи во минување, крај патот или шините, еден нерепрезентативен, покиснат јарец во јужните планини, додека брзаме да ја фатиме магистралата пред мракот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осамноста, ќе легнам врз шините на некој колосек или ќе се обесам на својата врска. понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
13. Возот свири и штрака по шините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И некое време ми ја истргаа Оливера Поточка. Ми ја откинаа некако од раце и почнаа да ја влечкаат преку шините од пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возот си клопотара, чука по шините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ноќниот воз, во оган и бес истрелан низ шините, се издигна и исчезна над студената земја кон север, оставајќи црн чад и пареа за да се растопи во застоениот воздух, неколку мига откако мина и замина засекогаш. 90
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Денот кога мене ќе ме нема повеќе, ќе видиме дали возот ќе излезе од шините.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги свитка слушалките, ги стави во чантата и продолжи: „Досегашново негово противставување на болеста може да се спореди со онаа билка што израснува меѓу шини и која постојано живее во страв од возовите што татнат над неа и од ветрот плашејќи се да не ја прекршат или откорнат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе