шиење (ср.)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Штрака ко ,сингер" машина за шиење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Баба ми го извади кројачкото метро од машината за шиење и излеговме на терасата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не е тешко да се пронаоѓаат, дури и да се предизвикуваат, но еден предуслов е обврзувачки: потребно е приклонување на луцидната мисла за прифатливите разлики ВО складноста, неплашење од случајната средба (која и не е тоа) на чадорот со машината за шиење.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Баш чудно. Машината за шиење токму има ужасна канџа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И таа го имала својот момент на цутење, од можеби една година, со убавина на дива роза, потоа брзо се раскрупнела како оплодена овошка, па отврднала, кожата ѝ станала црвена и груба, а потоа нејзиниот живот се претворил во перење, чистење, крпење, готвење, метење, бришење прав, шиење, перење најнапред за децата, потоа за внучињата, и сѐ така без прекин повеќе од триесет години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа ќе се вртка околу тезгите, преправајќи се како да бара врвки за чевли и конец за шиење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што работа дадов додека ги стокмив перденцата на прозорците, што шиење, што везење, а постелнината, бел вез винова лоза, да ја порачувам дури во Велес.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа го развиткаа кетинот, долгото бело платно кое секој муслиман, преку целиот живот си го носи во чалмата врз глава, и од него, луѓето одредени за овој обред, исекоа и направија, без шиење, три парчиња за главата и градите кои ги врзаа едно со друго, така приготвувајќи го покојникот за заминувањето од овој привремен свет.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И кога целата фабрика „Нонча Камишова“ би се преориентирала исклучиво на шиење пешкири, те триесет години само со тоа би се занимавала, пак со тие пешкири не би можеле да го покриеме ова песочно пространство.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Томаица, односно Томето (како сите што ја викаа нагалено) тогаш имаше 18 години и беше преубава млада девојка која штотуку ја имаше завршено Раденичката школа за домаќинство и шиење во Битола.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
По завршувањето на основното училиште Таки и Ленче ја даваат во познатата битолска Раденичка школа за девојки за домаќинство и шиење.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За шиењето Петрович зеде дванаесет рубли – никако не можеше помалку: сѐ беше шиено апсолутно со свилен конец, со ситен двоен шев и по секој шев Петрович потоа минуваше со сопствените заби, истиснувајќи на тој начин разни шари.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нашата канцеларија се наоѓа во непосредна близина на фабриката во која дванаесетмина работници произведуваат мебел што човек го купува за да се кае потоа цел живот, освен ако не реши по три дни да го исече за потпалување: столчиња за пушење, столчиња за шиење, комоди, вешто бојосани столчиња што се кршат под тригодишни дечиња, мали подлошки за вази или саксии, безвредни дреболии кои за својот живот ѝ се благодарни само на вештината на столарот, додека во стварноста некој лош бојаџија им дава само привидна убавина со бојата за која сите мислат дека е лак, а која требаше да ги оправда цените.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Не го гњави детето Љупчо, се јави мајка му, која седеше на СИНГЕР машината за шиење.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)