шепоти несв.

шепоти (несв.)

- Земјоделци, служители на Деметра баш така шепотеа за гласот зол, а жените, штом чуја, писнаа од силна мака и коси корнеа од бол.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Да не се закачиле нешто? Шепотеа, шепотеа меѓу себе и ги снема… (Пауза)Пак некоја комитска работа кројат!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
А в бафчи трендафилите слушаш ги - со темницата шепотат севда без мерак, шепотат - златни времиња!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ѕидовиге на занданите темни грозни прикаски шепотат со страв.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Шепотеше низ жално обесени мустаќи. - Господ нека ни помогне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неколку жени возбудено се веднеа, се удираа по глави, шепотеа - неспокојни, разбушавени, збунети; беа собрани околу некого што лежеше наземи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледајќи ги луѓето- гаврани со своите уморни очи, навлажени со солзи, од старост или од жал, тој одеше пред полицаецот и свиткан под тежината на животните неволи ги шепотеше молитвите на своите пцости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крчо пак, скриен во малото ќералче, слушаше како шепоти Нешка кога беше зборот за него — да не ја слушне мајка ѝ — а после заедно со Тода се смееше изгласи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ваму многу е весела. Оди, седи, лежи, само си потпева некакви грчки, руски, турски песни и со Илка сѐ нешто потскришум си шепотат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна со човечки глас да ѝ шепоти на ушето нешто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Три составени глави шепотат, четвртата е бледа. Очите во таа глава - влажни од страв и тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Другар ми шепоти пак познати имиња и едно мало градче провинциско. Таго наша убава.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мајстор божји, света рака имаше. Ја шета куќата со кадилница и шепоти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Шепоти ноќта од воздишките на мочуриштето, се стивнува пламенот. Шумоли треската.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Слушателите околу него се кикотат и шепотат нешто младичко. Пламнува и се исправа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ајде, ајде на шербет ако остана – ги покани тој и сите ги наполнија канчињата и се собраа по две-три во групи да пијат шербет и да грицкаат од гурабиите, симидите и ѓевреците, шепотејќи секоја група за себе, за настанот со Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Влезе таа како замајана во куќата, загледувајќи во секој агол како божем бара нешто. Ѝ се чинеше дека сѐ оживеало и ѝ шепоти: „Иде... иде...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се потпре на неговото рамо и почна да му шепоти, покажувајќи со главата кон вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе