шајачен прид.

шајачен (прид.)

Нека ни е добредошла новата ластовичка во нашето градинче, да ѝ даде господ здравје и живот и шо ѝ срце сака!“ — заврши Бино, очигледно трогнат, бришејќи си ги солзите со ракавот од шајачното палто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Човекот со напор се сврте на грб. Тогаш и крвта го проби тесното, шајачно палто кај рамото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тремот бавен и тежок шум на шајакни влечки. Не е циганката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Глигор остана во мешаницата. Арсо забележа дека на Глигор му се доближи еден затвореник облечен во нови шајачни беневреци и темномаслинест елек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Клекна пред него како на обред и му ги стави дланките на колковите па почна да го пребарува преку широките шајакни бечви.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мажите веќе почнаа да шијат брич-панталони, а жените шајачни фустани со црн сатен и со лимби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку гледате, ги исфрлиле од себе неубавите, груби капутишта, ги слекле тешките војнички кондури, која боса, која по калци, бели, домашни, која по свилени чорапи добиени на крос-контрите (како награда), - која по гаќички, која во селско шајачно фустанче, која со долги, мили раце, бели, слаби, о боже, некоја што била малечка се извила, заластарила, високо, до небото, друга се смалила, се свиткала, се подгрбавила, о господе боже!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И тие ќе почнат да се извираат пред нас со сведени погледи и со паднати шајачни бечви на колковите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)