шаторски (прид.)
Денеска пред анчето на Петко стоеја неколку германски камиони, покриени со шаторски крила. Пред камионите стоеја два, а зад нив еден моторцикл.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ајде да направиме летен театар од песокливи кули и сонливи дилижанси и бакнежи од шаторски преспивања Ајде да направиме летен театар со карневалски маски со скришни сказни со ружи и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Нашите ги фатиле, но тие не сакале ништо да кажат, па им удриле ќотек и тие умреле, а нашите ги покриле со шаторски крила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А врз нив врз шаторските платна тупкаат јадри капки дожд.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Под високите борови - земјанки. Некои покриени со шаторски крила, други со ќебиња и черги.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)