шанк м.
шанкер м.

шанк (м.)

Еве нѐ пак - седиме на Монпарнас но за сега молчиме. Од кај шанкот нѐ гледа човек со модра сенка спуштена од десната веѓа до брадата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кафеџијата, кој за целото време - стоеше крај шанкот и виде сè што се случи - нервозно ги засука мустаќите и така го изгледа дајреџијата, кога овој ги извади парите, како да сакаше да го стопи со погледот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
САЗДО: (Се врти кон шанкот) Вруќа за мојот пријател.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Бреза веднаш се искачи на високите столови крај шанкот, а јас застанав од другата негова страна, каде што обично гостите ги послужува шанкерката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ова е кафеана, дојди да работиме зад шанкот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пушење. Во оваа група спаѓа и Shoulder, како и Space (“крупен план на шанкот на бифето додека рацете од време на време ги преместуваат чашите, а пригушената конверзација се слуша од позадината”).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој ја остави шолјата на шанкот од плута.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Старецот што го следеше тој стоеше покрај шанкот, занесен во расправија со барменот, еден крупен, цврст младич со орловски нос и со огромни шепи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон отиде до шанкот и се врати со уште две кригли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Што е тоа, по ѓаволите, пинта?“ рече барменот, наведнувајќи се напред, потпрен со врвовите на прстите врз шанкот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И продолжи да му го кажува она што имаше намера да му го каже уште кога седнаа овде на шанкот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Девојката зад барот со по две кригли во двете раце замина кон другиот крај на шанкот, пак насмевнато фрлајќи краток поглед кон Еда кој веќе се чувствуваше необично.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оние долж шанкот изгледаа како хоризонтално поставена низа пиперки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Курвите на шанкот се академски граѓанки со диплома меѓу нозете.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Седеа на шанкот, таа веќе беше пијана.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ване прашално го погледна, додека келнерот само кимна со главата и отрча кон шанкот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од местото каде што некогаш биле воденичните камења, а сега шанкот во облик на обрач од бочва - не се појави воденичар во паспал туку патор од гостилничар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седнат на шанкот, тој ја држеше раката на внатрешната страна од нејзината нога, одвреме-навреме лизгајќи го показалецот по неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе