шандан (м.)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и летаат секогаш подалеку од оние осумнаесет сребрени шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од Солун купи големи, сребрени шандани, порцелански ламби, дебели килими, готови шилтиња, перници, шарени ковчези, и уште многу работи за куќата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Да ме пуштат малку да ти побуричкам по тиквата, ќе се сетеше дури и на кој ден си му ветил на господа свеќа што никогаш не си ја забуцал во негов шандан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Марко наеднаш побледе. Се фати занишано за шанданот и за малку ќе го турнеше. Немаше сили да ја крене Калија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Робовите се омрцлавени, небаре свеќи што се топат на шандан, ами Турците?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако е ова смешно, уште посмешно е палењето свеќи по нашите цркви, високите шандани што светат ѓоа се од злато, а насадени во пјатата од песок, како штркови на една нога што кацнале меѓу молбите за умрените.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)