шампањски (прид.)
И шампанско по цена со која ние ја плаќаме водата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Рајнското крајбрежје е најпознато лозарско-винарско подрачје во Германија и од овие места со точи квалитетно германско шампањско вино.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе појде кај својот началник, кога ќе ѝ се здодее да ме чека, ќе стапне на првиот дрвен басамак и веќе не ќе е ни агент ни копнеж по шампанско.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Уште еден блесок на затегнатите момински бутини...и таа немарно му нуди чаша шампањско.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Грета станува, од масата го зема шишето шампањско и му го расипува врз глава претходно симнувајќи му ја периката.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Еден дебел човек со чаша шампањско в рака: Убијци!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Бети отвора шише шампањско и ги полни чашите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Живееле во големи велелепни куќи со по триесет слуги, се возеле наоколу во автомобили и во запреги со четири коњи, пиеле шампањско, носеле цилиндри...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Шампањско немаме, ама ќе си наздравиме со наше домашно вино“ - налеваше во чаши дедо Владимир.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
АНДРЕЈА: Како беше на приемот? СТЕВО: Розово. Пука шампањско, шуштат женски фустани, се наздравува со одбрани фрази, култура, цивилизација. XX век!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Додека гостите и самата Исидора ги пиеја последните капки од шампањското, Томаица и нејзините колешки ја средуваа целата колекција која беше таа вечер прикажана.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Шампањското му наметнало расположение кон разни екстравагантности, а имено: тој решил да не оди уште дома, туку да намине кај една познаничка, Каролина Ивановна, дама, чинам со германско потекло, спрема која тој чувствувал апсолутно пријателски односи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По еден час беше сервирана вечера што се состоеше од мешана салата, студено телешко, паштета, слаткарски пирошки и шампањско.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме честеше мене и речиси цела кафеана со шампањско.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со пукање Томо го отвораше шампањското, полнејќи им ги чашите. Сите беа изненадени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сакам три овали мешана скара, три шишиња шампањско, од кои еден овал и едно шампањско ќе сервирате на масата кај оние две дами отспротива.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Блажена беше насмевката што ми ја подари... во мугрите, кога денот ја удави ноќта во здравица на шампањското ...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
На ручекот во домот на Паскали, подготвен од неговата неуморната и пријатна сопруга, Французинката Луција, зготвен според француско и македонско мени, се пиеше македонско вино, а за крајот на ручекот Паскали отвори шише шампањско, кое било наменето да се пие по операцијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако Климент Камилски беше почестен со свежо отворено шише шампањско, со успешен пукот, но во чест на неговото враќање во Источната книжарница во Париз, со одбрани зборови му наздрави Арман Самуелиан: Никој не утврдил дали Дон Кихот бил среќен или несреќен со своите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)