чуло ср.

чуло (ср.)

Видох што око човеческо не видело и чух што ухо не чуло, и не е кабил да се искаже, ни на сердце некому от живите на земјата не му дошло таква благост и сладост.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Каде се чуло четириесет лири мома да се купи? Злато е тоа, еј!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАНКА: Сум чула од татко ти. Вчера му зборувал на еден татков пријател, а тој му кажал на татко ми.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А море, овчар будала, Каде се чуло видело, Каде се чуло видело Мома на пат да љубиш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но никој не се расплачуваше, зашто кај се чуло да плаче борец за слобода. Само тоа не.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И по други куќи богатски се приготвувало за строеви и свадби, но како што приготвуваа Попставревци за стројот - тоа не се ни видело, ни чуло дотогаш во овој прочуен по салтанати град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Сум чула дека луѓето ја прославуваат Новата година - им рече една мравка на своите другарки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Каде се чуло и видело пошта да се разнесува в планина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш потоа и Богомил Ѓузел со крајно изострено чуло, упатеност во проблемот и знаење, ни посочи цела гама проблеми сврзани со семантиката, развојот и филозофијата на говорот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби со аголот на окото нешто забележа: можеби почувствувала нов мирис или чула нови шумови.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Безброј пати на партиските собири и на спонтаните демонстрации таа викаше на сиот глас, барајќи смрт за луѓе чии имиња никогаш не ги беше чула и во чии наводни злосторства ни најмалку не веруваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Сум ги чула – реков убедливо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веста беше најстрашната што сум ја чула откако знам за себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку многу бев занесена во разговорот што не сум го чула дека ја отвара вратата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во даден момент, кога во ходникот, во негова близина, немало никој и кога паробродот сè уште не го имал напуштено пристаништето, Манасов го запалил фитилот и брзо потоа се чула силна експлозија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кај се чуло или видело, дури и во големи семејства, девојка да замине да студира во туѓина, дури во Италија или во Австрија, во Букурешт или во Цариград, кај што можеа да одат само момчињата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога чула мечката од лисицата тој збор, отрчала во поле и го нашла штркот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќе