чуен прид.
чуе св.

чуен (прид.)

Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Првите гласови што ги имаме чуено се гласовите на нашите татковци и мајки, гласовите и зборовите на нивниот народен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Истрели! Кога човека го стрелаат од грб, тие убиваат со него и сѐ што носи тој во себе, од првиот ден на свеста до последниот чууен истрел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можеше да биде чуено и она нивно тивко, цвичливо скимтење, кое секој од нив го продолжуваше како некое само свое тивко мрморење, тоа се престоруваше во ужасно заканувачко 'ржнување само кога две од тие остри вретенести прилики ќе се судреа очи в очи, или кога ќе се разминеа само за еден мигновен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие стравотни денови на земјотресот се плачеше и за сосема непознати, ни видени ни чуени, толку беше страшна таа трагедија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Летам! Летам!“ викаше човекот со одвај чуен глас. Слугата му одмавнуваше: „Да, да!“ 33
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Да чуеме“, рече најпосле. И знаев дека сега ќе разговараме, како што секогаш разговаравме, цели три часа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Почна да зборува, со истиот безизразен глас како и порано, речиси без мрдање на усните, со одвај чуен мрмор што лесно се губеше во вревата од гласовите и татнежот на камионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборовите на Јагулчета, макар не толку чујни за другите, ја нарушија мигум тишината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се раѓаат во тој напор на мислите и во враќањето на настаните нејасни излези, посакувани решенија, пророштва чуени некогаш во цигански шатор, стереотипи на гледачка на дланка, во кои, еве, во некој дел од животот, човек сака да поверува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Перса нема глас да ја храбри, туку само ѝ ја мазни црната коса и повторува со одвај чуен глас Господи! Господи! Господи!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Будалштини, си рече, кога се рассони. Му се измешале чуените нешта во врска со Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше чуен по добрите кројки и особено по прецизниот штеп.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пладнето заминавме од Езерец. На свиокот, пред мостот го слушнавме одвај чујното ѕвонење на камбаната на црквата Свети Никола, чиниш ни кажуваше дека нема умирање и исчезнување на човекот се додека за него трае споменот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму неволно ме испрати одвај чујна и здржана пцовка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Македонија како библиска земја беше седиште на разноразни чујни и нечујни матновидци кои ги исцелуваа напатените и очајни транзициони страдалници со телесни и душевни болештини за кои и медицината дигнала раце.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не помалку чуен бил и лозунгот: „На Бугарија им се достаточни шестте уметности, нема потреба од седма!“ или оној на познатиот кантавтор Џендемата: „Долу друштвото на јадачите, да живее театарот, да живее киното, да живеат продуховените луѓе!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)