чудотворец м.

чудотворец (м.)

Такви спрложени чудотворци живееле гологлави некогаш на сува папра и во дупки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Околу гробот на свети Наум полегнати се болни луѓе, сакати, слепи, неми и му се молат на чудотворецот да им помогне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во Ласиќевиот модел на узорна интелектуалност доаѓа до израз синдромот на добронамерната конструктивност кој на виделина го изнесува стариот копнеж по привилегираната општествена улога на интелектуалецот, по онаа улога што во општеството ја играа чудотворците и шаманите, пророците и свештениците - сите оние чијашто задача се состоела во тоа празнината околу која се конституира општеството да ја исполнуваат со еден провизориум од пророштва, митски приказни и религиски слики на светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Татко ми ја преместува печката од соба в соба Верува оти го има летото в раце Мајка ми се крсти бидејќи се сомнева дека нечестивиот управува со неговите намери “Господи летата и зимите се твоја грижа Зошто оставаш да верува дека станал чудотворец” Секогаш додека таа се моли помалиот брат се игра со нејзините зборови како маче со клопец Се враќам при татко ми токму кога ја качува печката на покривот Некој топол ветер шета околу нашата куќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш, Паца го наведнала погледот зачистувајќи си ја футата и истргнувајќи си го фустанот преку колената рекла, повеќе како за себе, ама добро да чуе Спиро: „Ете, како да е вистина тоа што се вели дека златен свети Наум е чудотворец!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)