чудесен прид.

чудесен (прид.)

Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Во иднина светла, во иднина нова, татковино наша и родино клета, штом овдека златни ќе зазвучат слова, во чудесни ружи ќе расцутиш сета.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така и сега, наместо за чудесни пролетни трепети, треба да ви раскажам за едно старо, никакво палто. За палтото на мојот пријател Павле. Прозаична, здодевна работа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А босите нозе, како да не ја допираа земјата - лебдеше таа во воздухот и танцуваше во чудесен унес...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бездруго е чудесна муграта над Пирин?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа една чудесна игра и сѐ повеќе се доближуваше со неа она парче живот ѝ се радуваше на убавата ноќ, враќајќи ѝ ги на нејзината белина сите изгубени одблесоци, носејќи на местото на очајот една лесноумна весела разиграност, чиниш со некоја желба да помине со својот разигран заборав над крвавите траги.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На возрасните пак, што ја гледаа оваа чудесна игра, таа им покажа како едно дете може да биде среќно и само со една едниствена цреша.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како да се преселило во некоја чудесна сказна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имаше чудесни прсти, од пијаното можеше да извлече сѐ што човек може да посака.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Чудесни птици дојдени да надлетаат со своите гласови околу нас и со крилцата колку да му мавнат на животот. Ниту слушаат – ниту владеат...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Инаку, кога сме кај кејовите, да споменеме дека мостовите со нив прават чудесна целина, а секој од нив има своја историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чудесни јадења има, јадења ум да ти зајде, а сепак, во многу земји, некој ни леб не ќе најде.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Подоцна, читајќи книги со шарени цртежи за прекуокеанските освојувања постепено почнав да сваќам дека најуспешен почетен чекор на освојувачите бил што ги збуниле домородците со необичните ситници (повторно, чудесното огледало).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во непосредно соседство на големата езерска вода, привлечени од нејзиниот чудесен блесок и многу повеќе од градскиот вријавец и широките перспективи што тој ги отвора пред нив, пасквелчаните во крајот на втората книга стремглаво ќе се сјурат кон езерскиот брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стрикото Лентен беше единствениот обичен, незначителен човек што имаше таква сила над татенцето, Токму тоа, таква голема, чудесна моќ да го запре во најголемиот бес.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе