чорбаџија м.

чорбаџија (м.)

Турчин изгорел ти срце или чорбаџија?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Мож' богат да е твој тејко ил' е чорбаџија, та ште можит да помогнит на стара ти баба.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Не за друго, ами да не чујат соседине. Што ќе речат? Гледај ги чорбаџииве, се фатиле како џамбази за гуша...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КЕВА: Не знаеш, Спиро, дека треба да го разбудиме чорбаџијата за на лозје?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Како не знам, чорбаџике? Кога чорбаџијата нешто ќе заповеда, тоа го знае сѐ живо во куќава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А чорбаџиите, големите, нека јадат големи работи, крмаци, волови, биволи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Утре ќе слезам на село при Спира – чорбаџијата, ќе му фрлам стадото.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Чираците ги поткраднуваа чорбаџиите и ги учеа нивните шеги, созреваа порано од учениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дел од кошулата расип — вода за растур раст — храст, ситна шума ресен — веленце со реси, тулбен, шамија со реси реченија — судбина решме — женски накит од многу срсбрени пари нашиени на подвески ромак — болно, обично криво животно кое дома се храни и пои ронкарка — метла со која се метат ронките 'рслан — лав 1) Во преносна см. син како лав рувет — носија рута — награда за трудот што го дава човек на човека, чорбаџија на момокот саватлија — прстен сребрен со монограм саѓиа — женска облека до над колена со кистови сајсана — добра кобила, атица сакма — машка долга облека, дебела место долго палто сак'н — немој сакуле — малечко торбиче светилник — железна направа со венец на која се клава боријата да свети сврчок — ѕадникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Де го турка ѕидот со глава“, — велеа чорбаџиите кога паѓаше збор за него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете нека речат чорбаџиите „пресек пресек", „сноп сноп".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Добро, - му рече. – Ќе го прашам чорбаџијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Излезе еден од момците на чорбаџијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Е, таму се тешките чорбаџии, а парата на пара се лепи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На едната страна беа децата од чивчиите, занаетчиите, бавчанџиите, и чифлигарите, кои живееја во Варош-маалото, а вториот “табур“ го сочинуваа децата од беговите, агите и чорбаџиите, кои живееја во Долното-маало.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сите се интересираа како живее таму народот, што прават Турците, беговите, па и чорбаџиите христијани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не џанум? Двесте за петина дебели чорбаџии, шо ќе бидат — рипна Трајко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе