чорап м.
чорапче ср.

чорап (м.)

Чудно ми чудо и да е кал, а пак тоа била боја, вапцувала девојката предено за чорапи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНЃЕЛЕ: Како било тоа, не е тоа лаф! (Бара и понатаму и вади пред себе еден чифт женски чевли, еден златен прстен и еден чифт женски копринени чорапи.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На нив висеа искрпени кошули, чорапи и детски пелени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Илкови калци и чорапи имаше за потплетување десетинадваесет рала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Која волна, која чорапи, гаќи, ќурдија, дури и по некоја сакма, а ете, некоја сиромашка фрлила писана кошула, — алова, „старавинската", а некоја пак грабено детинско кошулче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Ристе. бидејќи си ја знае Боца каква работница му е, а ваму сака да му е подгиздена, дотерана, си ја зеде грижата и да ѝ „навезе“, и да ѝ „сплете“, и да ѝ „искае“ и кошула, и чорапи, и прегачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зашто знаеше дека мајка ѝ оди да ја извади онаа петолирка од ралото шарени зетовски чорапи на татка ѝ што тој ја прати како аманет од Влашко пред да издивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бабичката ја зема торбата и вади од неа волнени чорапи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред неговите нозе играа со конзервена празнотија кусоноги, кадрави близначиња до појас стегнати во црвени чорапи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Малата белина на кожата, откриена над најлонските чорапи запалува огин и во најзаспаните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тука е мајка му. Таа или стои до шпоретот и готви ручек, или пак седи до прозорецот и му ги крпи чорапите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мирко по цел ден трча надвор и многу кине чорапи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога немаше фудбалски натпревари тие знаеја да заскитаат низ полето, што се будеше, и таму, крај реките, каде што си ги переа своите кошули и чорапите, да го имаат пак она чувство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го викаа Штука, а тој правеше фодулок со спортските панталони до коленици и тука собрани, сошиени од војнички штоф, и во италијанските шкарпи и чорапи високи по цеваниците и сѐ друго војничко и прекроено на себе. Тоа траеше првите години на војната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А нашите се боси: ни чевли ни чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Селаните им даваа на војниците кокошки и јајца, а овие им даваа сиви кошули, чорапи, фанели па дури и нови војнички чевли.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му го собу чорапот, му ја изми раната, ја намачка со јод, ја преврза со завој и му го обу опинокот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Чорапите! Чорапите ги дигнал некој...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе