чмаење (ср.)
Ништо не заборави, но сега некако сето друго беше останато далеку зад него во чекањето и чмаењето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред Змејковиот прозорец продолжува игралито да потреперуваат и да се колебаат дали да паднат на земјата, или пак да се вивнат нагоре, божем одбирајќи го местото за своето слетување, тие немирни водушести снежинки, што надоаѓаа озгора во роеви-роеви и носеа сонливост и чмаење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Многу потешко се ослободуваше од она проклето, тивко чмаење, всадено во сета негова внатрешност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потскокнувам во снеможено птичјо лебдење во куцато одолговлечување ко неуко детско чмаење ко неуморни прсти на темето, на половината ти ах, ти театарска гасеницо фатена во бегство.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Неговиот дух беше скаменет од некакво глуво чмаење, од кое чувствуваше одвај мала горчина во грлото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Глувото чмаење во кое со години тонеше неговиот дух, го растера оваа блага светлина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)