чифте (ср.)
Магарето трчаше, фрлаше со нозете чифте, ама Гоце јуначки се држеше за гривата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Магарето пак трчаше, фрлаше чифте, клоцаше и сакаше како првиот јавач да го фрли, но нашиот „Марко Крале“ цврсто се држеше.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ама бог да прости, беше носел Стојо Корупов едно пишчолче чифте, та и тој му тргна еднаш и свика.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Неа, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, зашто беше висока како далјан, и зашто навистина беше комитка, уште од пред востанието во Крушово 1903-та, никогаш уште оттогаш не го симна чифтето од рамена, сама управуваше со момците, со аргатите и со сиот имот на Дамчевци Џаџовци, жителите на Потковицата, и на сите околни села така ја викаа, Комитка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некои од селаните им ги донесоа чифтињата. Се пукаше како војна да се води.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Го побараа од кметот чифтето и тој им го донесе. Пукаа по птиците, паѓаа тие по брегот и водата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Под врви Анди пасе лама Пека тато, мека мама Бела лама пасе сама Црна лама уште посама Пасе лама, клима глава Росна тревка в меше клава Пози мени, фотки, слава Чифте фрла, сегде мава Делник кротка, сиктер фама Празник бесна, чалам дама Алфа бета пиши гама Узда мека в селска нама Аздис лама прави драма Од сребро сака мека слама Да сркне само два-три грама Козја завист да крене блама Претка лама копа јама Уплав најде древна кама Доста чалам леле аман Скраја крвој аман заман Нејќе лама пиш пиш пиштако Нејќе клања ни ни никако Сака под врв Анди да е Огден Неш Заедно да талкаат пеш и да играат шеш-беш.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)