чистилиште (ср.)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ти си нејзино чистилиште, нишка која уште го задржува полното паѓање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Можеби собата е нејзиното чистилиште?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Мајкиниот живот силно ме поучуваше, низ многуте задржани и малкуте пропуштени солзи, дека секој си го минува својот живот низ сопственото чистилиште на страдањата, за да стигне до вистинските солзи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Знамето, во егзил, доколку било откриено, во некои околности, особено во времето кога минувавме низ емигрантското чистилиште, можеше да има тешки последици за судбината на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се најде на студии во Цариград, расрнат помеѓу Отоманската Империја во залез и Ататурковата Турција во изгрев, тој мораше мајчиниот јазик, османско-турскиот да го противстави на новиот книжевен турски јазик, кој го доживуваше Ататурковото чистилиште.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, еве повторно сум со неа пред чистилиштето, во самиот влез во рустината на зборовите, во потрага по тесниот трансцендентен излез, на небото, кај што ми суди ,небескиот трибунал на моите предци, на излезот помеѓу мајчиниот јазик и јазикот на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Јасер Арафат ќе мине низ вистинско чистилиште на својот пат кон Палестина, преполн со жртви, страдања, кој ќе води преку многу Сабри и Шатили, за на крајот да стигне до северноевропскиот град Осло, блиску до можниот мир но далеку од суштинското враќање во Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го барав и чистилиштето сакав душата да ја исчистам и да ја издигнам до некој рај, некоја среќна земја, некоја утопија каде што владее хармонија, единство на човекот со човек, единство на човекот со просторот кој го опкружува и љубовта која го исполнува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Земи здив и сонувај го небото, нашето Чистилиште,“ тивко зборував, како да кажувам молитва.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сликарот на животот, создавачот на смрта, ткајачот на судбината, златен круг на времето кое ќе нѐ однесе до портата на чистилиштето. -„И што понатаму?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ние ќе минеме низ чистилиштето на книгите во нашите библиотеки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше спротивставен на метафората на чистата душа, чистата крв, на чистилиштето, на чистите народи, на чистите јазици, на с што не можеше докрај да биде чисто.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но тој нели излезе жив и здрав од тој пекол, се провлече низ чистилиштето, или подобро речено го извлече оттаму Хрушчов, кој ја сврти страницата на сталинизмот во СССР.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)