чинија ж.

чинија (ж.)

На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КАТА: (влегува со чинија туршија пиперки и го става на огништето.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Топла чорбичка ли сакаш, чинии има, да легнеш ли сакаш, повелај - креветчето и јамболиите те чекаат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На сивото лице, мазно и рамно како порцеланска чинија, победнички се прчеше голем, розов нос.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А сега што работиш? - Ништо. Миев чинии во една акчилница и ми ја удрија клоцата. Украдов месо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бошковица, која ѝ помагаше на снаата во миењето на чиниите од вечерата, му се приближи и го праша: - Бошко, да го запретам огнот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нивната свршеница стануваше ноќе и бараше во нечисти чинии нешто за јадење, потоа, сета крцкава и испотена, се обидуваше да се намести крај Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ја виде чинијата преполна со храна, што не чинеше само една круна, младичот просто отскокна од својот стол, на кој седнуваше секоја вечер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- И ти заслужуваш јадење – рече таткото, па и нејзе ѝ стави полна чинија манџа и едно исто така убаво парче месо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Затоа, штом ја ставија чинијата пред него, тој веднаш сркна и – се испопари.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа... што има друго? Да, мораат и целите чинии убаво да се испразнат...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Танејца им тури во чиниите грав.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Оставија рогузина, покривач, стомна за вода, чинија за јадење, две лажици и облеката што ја носеа на себе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Прво стави една чинија со бело сирење. Па стомната со тазе вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стана, пресече едно долго парче леб, го стави врз плитка земјена чинија и седна крај огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По средината на полјанката, најубавото и најчистото место, беа распослани бели, ленени чаршафи, а врз нив веќе беа наредени тепсии со баници и зелници, тенџериња со чорба и грав, пиперки, чинии со сирење, со зелје.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Урна од таванот лански ореви, на огниште стави да се варат ошавки од круши и јаболки, некаде најде чинија летни јаболчиња, жолти и слатки.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пред нив тенџериња, чинии, шишиња со ракија, а сред кругот казан со варено овнешко месо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веднаш се постави чинија и за неа. Таа, иако одбиваше, и навистина се чувствуваше дека не ѝ е пријатно, седна да руча со нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И да вели амин И мајка ти потоа да стане И да ја принесе првата чинија узреани черешни Од вашиот двор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе