четириаголен (прид.)
Пликот со двете канадски марки, што го имаше добиено од својот Крсто, сега заедно со војничкото четириаголно парче хартија ги грее во пазуварката - до срцето...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можеш ли да му ја поматиш верноста
кон земното, додавајќи знак по знак
откривајќи ги срамните делови
на твојот систем
загадочниот метод
небесниот свод- дом
за да може да оди по истиот пат
и да стига до истата цел
човекот, оној кој над црната точка
стрепи по сличното, од различното стрепи
спојува еден со друг:
еден и еден, два со два, седумдесетидва
името го дели на четири
елементи – I.H.V.H.
тетраграматонот го врти, го враќа
ред по ред реди
вистината на скрбта ја учи
завист и суета, суета и завист
сѐ е бесценет камен, а број
свет и сила
равенката меѓу нив се припикнува
како вода меѓу шуплинките во карпата
како зрак во мрачна капела
бели точки на црна површина
поделена на две:
еднооко човече
дворог Пан
троока нимфа
четириаголен круг
пирамидална петка
црно на црно
расфрлан, разигран
Ум на Светлоста
Умна светлост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Малку потстана, зеде една убава четириаголна кутија од сите страни побисерена, а во средината со испакнатата слика на џамијата во Источен Ерусалим, со по два бисерни цвета од левата и десната страна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Над мене има дрвен таван а на него е прицврстена четириаголна маса поставена за јадење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ова е време на четириаголни чинии и стаклени фотографии. Може да се живее и во usb.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)