четворка ж.

четворка (ж.)

Во очите блеснува свеченост... - Чифт! Чифт!... Четворка, - се отприштуваат звучните гласови на шестемина младичи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Почнувате по малку и да се занесувате, па малку и да не паметите, па за да ја задржите четворката или петката, треба двојно повеќе да седите над книгата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со трепетни прсти земав уште една карта - четворка - значи, сум стокмил дваесет и четири.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Следниот ден, еден ден пред доделувањето на дипломите (имав единаесет петки и една четворка, се разбира, по физичко образование), ме свикаа по телефон во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со оваа четворка на историски личности сакаше повеќе да ја потенцира својата улога отколку да им го приреди заслужениот омаж на несомнените историски големци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше одлична ученичка без ниту една четворка низ четиригодишното образование.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се жртвуваш и сега ти го чуваш своето дете заедно со детето на „разлигавениот“ и пријателка ти, па играш пинг-понг во четворка со мажот нејзин секоја среда и петок и баскет секој вторник и четврток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)