честитање (ср.)
Другите деца веќе се беа придружиле кон своите мајки и татковци и во весел разговор и честитање ја напуштаа искитената сала.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пријателите и роднините, како и селаните кои го поддржуваа Китан, му идеа на честитање на Китан и со веселба прославуваа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сега пријателите и роднините што го подржуваа Танаил во спорот, му доаѓаа на Танаил на честитање. Сега куќата од Танаил се веселеше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А Китан со жена му и син му вртеа кришум околу куќата на Танаил и со јад и лутина во срцето гледаа кој им доаѓа на честитање.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нејзе, сега, телеграма од домашните, со честитање за синот, ѝ беше страшно многу потребна.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Mazel tov! извик на честитање со значење: „Сѐ најдобро! Честито! Најдобри желби на овој среќен ден!“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Додека Ѓорѓе го преспиваше денот, Рада мораше да ги пречекува и двори новите гости кои доаѓаа на честитање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Откако поминаа деновите на честитање, Рада уште еднаш се соочи со сериозноста на бракот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Има ли нешто за честитање, работа, љубов, или нешто трето?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)