чесност ж.

чесност (ж.)

Ќе им се покаже на луѓето без чесност и достоинство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од професорот Томо се научив на скромност, на дружељубивост, на искреност, на чесност, на убаво однесување...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И татковиот пријател Чанга, кога разбра за името на нашата коза, мигум остана зачуден, но никогаш не ја доведуваше во прашање татковата чесност, што и да слушнеше за него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Двомислата лежи во самата суштина на Ангсоц-от, затоа што основен чин на Партијата е да употребува свесна лага, задржувајќи ја притоа цврстината на намерата, што пак од своја страна бара целосна чесност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев задоволен што, конечно, се ослободив од нив, и што не ќе им дадам возможност на цариниците да се посомневаат во мене и во мојата граѓанска и патриотска чесност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За него немам грди зборови: праведник со малку среќа, но со многу чесност и храброст.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие беа како рамна почва, готова да го дочека својот род и плод, како полиња што зрачеа со својата невиност и чесност, подготвени за раѓање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа и друго правно лице 98 што располага со државен капитал е должно вршењето на својата функција или должност да го подреди на начелата на законитост, ефикасност, доверба, независност, автономност, чесност и професионалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случајот со нашиот соговорник тоа беше желбата и потреба за правда, да ја докаже својата чесност – дека тој не беше оној кој ја оштетува компанијата....
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со кредитни јамки во неколку банки македонски маки, живот африкански од денес за утре, од утре до вечност косата белее од премногу чесност Платата доцни, денови грозни да наполниш туѓи паркови возни за дворови нечии да оставиш коски за газдите сурови, безмилосни, прости Жената бесна, нема за фризер притисок качен, желудник гризе живот на рати во џебот суша сметки за струја тежат на душа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И од тој најширок спектар на емоции во една референтна рамка или основна архитектура на менталниот живот во чии темели се посветеноста, чесноста, лојалноста, грижата, одговорноста, самодовербата, сочувството, љубезноста, трпението, трудољубивоста, смирението, воздржаноста, хармонијата денес како да е отсечена сиопсата, врската со емоционалните центри во мозокот со што се предизвикува хаос во процесите за расудување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Славата на вашата фамилија за чесноста ми е добро позната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сме биле познати по својата чесност околу единаесет столетија, дури и кога сме биле најбогата фамилија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нашите вредности и принципи не можат да бидат исти со деструктивните илузии за чесност и праведност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но вешто го избегнуваше најважното прашање, а тоа беше нејзината чесност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој од мноштвото заемки ги издвои зборовите: абер (вест) од арапскиот збор haber, акал (ум, разум) од арапски akil, ал (грижа, положба, состојба, мака), арка (протекција, врска), далавера (измама, лага), дереџе (степен, состојба) од арапски derece, дикат (внимание) од арапски dikkat, дубара (клевета, измама) од персиски dubara, еџел (смртен час) од арапски ecel; есап (сметка) од арапски hesap; idare (штедење, издржување), изин (дозвола) од арапски izin, јабана (туѓина), јагма од персиски yama, мајтап (изигрување, подбивање), мерамет (милост) од арапски merhamet, мукает (внимание, интересирање, грижа), намуз (чест, чесност) од арапски namus, нафака (среќа, благосостојба) од арапски nafaka, ниет (намера) од арапски nyet, раат, раатлук од арапски rahat, rahatluk, салтанат (раскош, луксуз) од арапски saltanat, селамет (спас, добар крај) од арапски selamat, тертип (ред, поредок и план, начин) од арапски tertip, ujdurma, uner (чудо) од персиски hner, усул (внимание, внимателно, со мерка) од арапски usul, чалам од турски çаlim, чаре (излез, средство, начин) од персиски çare.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со ум и чесност, со праведност и знаење сме се одржале и сме ја добиле довербата и на султанската власт, но и во овие времиња народот нѐ прифаќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)