чевел м.

чевел (м.)

ТЕОДОС: Ќе ве искривам јас сите, туку сега немам време! Бргу да ми ги исчистиш чевлите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: (Го вади кадифето од џеб и му ги брише чевлите.) Еве, чорбаџи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама сто пати сум ти рекол, отворај очи кога ми обуваш чевли, фати ги убаво, со дикат, за топуци, а ти, трап, одозгора! Тоа ли е ред?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНЃЕЛЕ: Како било тоа, не е тоа лаф! (Бара и понатаму и вади пред себе еден чифт женски чевли, еден златен прстен и еден чифт женски копринени чорапи.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пијаниот издава само некакви неартикулисани звуци, Дара му ги собува чевлите , го покриваат).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Беличот се наведе и си ги собу чевлите, ги врза една со друга па ги префрли преку рамо; Мече сандалите си ги спика в џеб.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не се исплашив. За „горниот“ го сметав чичко Адама, стариот глув крпач на чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Петко имаше црвен шал околу шијата и стари женски чевли со високи топуци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја остави јамата и се пресели во нејзината куќа. Тоа беше црковно врзана двојка што уживаше во златниот заб на жената и жолтите чевли на мажот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Кожув, вели, сакам бездруго. Толку рала чевли, шамии, крпчиња, марами, капа, минтани, минтанчиња!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко и дедот Петко си га собуја чевлите и опинците и седнаа на постелата да се одморат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тргнала коси на страна, измила лице, удрила скопци — решмиња, павти — сивџири, а на нозете ластикини чевли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да ги однесе ли чевлите на поправка и да оди некое време бос или да продолжи вака додека не ги искине.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа мирисав на етар и затоа носев капки крв на своите чевли, секогаш кога се враќав од болницата, и ноќе и дење, секогаш со сладок умор во прстите врело стиснати во врели дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гавранот, војнички удри со високите топуци на новите чевли и го подаде шишето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пак мирисав на болница. Мирисав на смрт и на живот, на врвовите на моите чевли имаше понекогаш капка крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кажи сам - нели се откажав од леки боксерски чевли заради таа сламена шапка со црвен раб, кажи сам?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Под чевлите на обајцата умираа илјада штурчиња, илјада невидливи барички.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не собувајќи ги одврзаните чевли се иправи и појде кон касата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште пред да се раздени можеше да се забележи: кошулата му беше нечиста и стуткана, износените чевли ветуваа распаѓање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе