чаталест (прид.)
„Еве ја Трештена бука“ - си помисли момчето кога помина под чаталестите стебла на една осамена, дебела бука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Главата ѝ беше крената, челустите ѝ беа отверени, а розовиот чаталест јазик ѝ беше подаден.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ако сум чучулига чувај ме не дочувувај во портокалов чаталест цвет.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)