часовничар (м.)
Децата, синови и ќерки на винари, на рудари и часовничари, на готвачи и градинари, на судии и железничари, на милиционери и лекари, на купувачи и продавачи, на дописници и весникари, на возачи и џокеи- јавачи, децата што сакаат ќе сторат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Логички, не можев да објаснам, зошто јас, виенски студент, најперспективен адвокат во градот, бев толку возбуден од средбата со младиот часовничар, човек далечен на мојот свет.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Часовничарот кој му ја знаеше убавината, староста и вредноста, му даде на татко му колку што му побара и не го нави, ами го обеси на ѕидот да му го краси дуќанот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Десетици генерации часовничари се подгрбавиле во напорите да ги уточнат, а тие враќаат со крајна небрежност.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И никој во градот не знае рано утро ли е или доцна попладне. Последниот градски часовничар вчера станал кафеанџија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)