часовник м.

часовник (м.)

Мене ми треба здравје, младост и пари: И пари!!! (се слуша биење на градскиот часовник, брои гласно).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сите се како часовник, за сон им време не стига, одат по стари огништа, дума по дума собират, седат на селски трапези, песна по песна бележат, сите се бујни, пргави, се млади, сѐ Македонци...
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Најпосле градскиот часовник отчука рамномерно и просто шестпати.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чуеш ли, реков. Часовникот застана. Се тресев и самиот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Так-так-так! биеше ковачот во часовникот. И неочекувано стивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Невидлив часовник го отчукува времето на почетокот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се повлеков од една пуста, ширум отворена врата и погледнав во часовникот. Десет!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тврдоклрило, вкочането време, мртов ковач в часовник. Мртва пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Истиот час часовникот на Домот одброи три: три по полноќ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само големиот часовник на ѕидот од кујната рамнодушно го клатеше своето клатно лево-десно и чукаше: тика-така, тика-така...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го врати часовникот в џеб и седна на својот крцкав кревет, осамен и очаен како и во секоја ноќ, секогаш со исти сеќавања.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден пилот, со кого спа вечерта, го заложи и златниот часовник.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Воздивна ширум отварајќи ја устата и го извлече тешкиот часовник од џебот на излижаниот елек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се слуша само млако удирање на часовникот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Осумнаесетото лето откако почна животот, Иван, функционираше како прецизен механизам на часовник, се во одредено време: фудбал, стихови на класици, француска граматика, одмор. Беше и амбиција и умереност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: Не ми се допаѓа ова нивно задоцнување. (Погледнува кој знае по кој пат во часовникот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Ги зема, ги прелистува и потоа погледнува на саатот.) Точен ли ти е часовникот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ах, еве ги и другите кај се разбудуваат. (Го вади часовникот и гледа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Татко му за херојство во Руско-турската војна од 1877 година, заедно со орден лично од раката на генерал Скобелев го прими и овој часовник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Часовникот, тежок и сребрено блескав, си имаше своја историја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе