чаре ср.

чаре (ср.)

– „Ами не е чаре, стрико, да ми кажеш каква била клетвата од дедови ви за да не раѓате челад?“ му рекол Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Колку за гемија, Силјане, околу нашава земја не е чаре да може да дојде, чунки бијат талазите во бреговите и околу наоколу бреговите се спили и камења.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— Такви се, свату — сваќе, такви! Голи, боси, гладни, ако и кабулите — да ваќаме рака, ако не — вие живи, ние здрави, ќе си го бараме сете чарето! — им велеше Ѓуро на сите идни сватовштини и стројници што идеа да му ги бараат неговите „бендене моми".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема чаре, од страот се бега, од страмот не се бега. Па кога дал господ, оти да се стегам пред луѓето?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лели до овде дојде работата, да се бара некое чаре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За тргање, ќе тргам, - рече Бошко, - туку чаре да ми кажеш некако!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Друго чаре не знам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Ами чаре, дедо попе! – повикаа во еден глас сите присутни. – Чаре, не чаре, тоа е!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Праша:- Ами чаре? - И чарето ќе ти кажам, па да знаеш оти си кај пријател. - рече и се сврте кон братучедите:- Кога мислите да си бегате?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Ами чаре, Толе? — почнаа да се тапкаат Сарафовци и компанија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И нејзе ќе и го најдеме чарето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Племната, деца, ваќајте а племната; ако можите во сламата да се позатоплите, друго чаре нема, — им советуваше дедот Бале на своите десеттина членови од семејството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И барав чаре...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Почна да им ги толкува соништата на луѓето, да им куша, да им бае, да им бара чаре за сето она што ги мачи и боли во душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И јас видов, невидов, зедов да куцам. Што ќе правиш, нема друго чаре. Куцам и плачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некому морал да му го вади душникот (млад човек, богати, роса), - немало друго чаре, во душникот му влегла круша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ме викна таа мене настрана и ми вели: „Дине“, ми вели, „ние во касата имаме 21.250 динари кусок. Што да правиме?“ ми вели. „Кажувај чаре!“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе