чам (м.)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Совладаниот, оној што требаше да биде совладан и што беше совладан тука, беше тој, застанат без здив и исплашен под чамот, ширејќи ја миризбата на својот страв многу погусто отколку тоа прекрасно израснато дрво својата миризба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ, што му остануваше, беше тоа да фрли уште еднаш, а после кога виде дека ѓаволски не погодил, можеше уште да го донаправи оној свој започнат чекор и да се засолне зад дебелото стебло на чамот до себе, и уште веднаш се покажа дека беше последниот миг за тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По што ѝ се обрати на газдарицата и ѝ рече: „А вие, мајчице, немојте да си го губите времето попусто, веднаш порачајте му сандак од чам, зашто од даб за него ќе биде прескап“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И без престан благиот шум на борјето над нив да шумоли ко пеење и паметење и вечен запис врз стеблата и каменот под кој лежат ветените за кои сал дабот, чамот, кленот, карпата, ридот, парчето ’рѓосано железо и штикот скршен ќе раскажува во времињата што допрва ќе дојдат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)