чалгија ж.

чалгија (ж.)

Е, сега веќе ќе ми заличи куќава со невевчето. (Од далеку, а постепено сѐ поблиску се слуша свирење на чалгија и пеење на песната): Затропале тапаните Да ми одат по невестата, (Румба, румба, румба, ба, рефрен (Лиду, лиду, лиду, ду.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
После овие извршени обичаи кумот започнува на игра со пеење пратен од чалгијата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Доведи ми чалгии... - нервно свика Панде и џбурна со раката во големото, со срма извезено ќесе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не мина многу време и во анот загрме чалгијата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чалгијата молкна... Кога стигна на езерскиот брег, Панде осети како го обзема свечено, празнично настроение...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејсе. Чекорам јас така, нога за нога кога од зад свиокот слушам музика трешти, чалгии свират, тапани бијат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чалгиите престанале. Стариот почнал нова полифониска тоскиска мелодија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја препознаваа само страста во песните изведувани на непознати инструменти. Утови, дајриња, кануни, баглами, меланхолични чалгии...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)