цутар (м.)
Утрото, дваесет и шестиот ден од месеца цутара, втората година по Големата војна, миропомазаната жена на Пане Липовдолски (одамна упокоен) осудесет и едно годишната Лена, шевелеше низ куќи, се вѕираше час во ноќвите, час во амбарите, во потонот, во малата и големата одаја, во гредите над чардакот, по ќошињата на дворот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Има различни хороскопи. Но мојов, ете, кажува дека си риба. Роден си во цутар, така?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чемпресот е роден негде при крај на сечко, значи влегува во цутар, твојот месец.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)