црцор (м.)
Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Килав во мозокот, прости ми господи. Затоа лежеше ноќе по празните вади и по сувите лозја и им пееше попски песни на црцорците.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само црцорот на птиците потсетуваше на другите обични денови. – Ова не ќе е на арно! – промрморе мајка ми и се упати кон кујната во дворот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ниту врапче да видиш, ниту врана да прелета, ниту црцор, ниту грачење, само шумолење на дождот...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога напладне ќе се искачи сонцето на небото, а сепак сѐ уште е блиску, па црцорот на штурчето во лето те заглушува, селаните не се откажуваат, упорно работат, на пустата жега.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)