црпне (св.)
Еден ден Доста ги остави децата дома и и рече на Митра да ги поварди дури да црпне вода од бунарот на стрико — Малови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките: Нашите црепни најлични, вашите црпни - црепутки Митро ле, моме најлично, али ти земја грутлива, али ти криви нозете, што ти се црепни - црепутки? - Ихиии!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Црпнав со лажичето и во тој момент помислив дека можеби е тоа од оние јадења што само вештерките умеат да ги подготват и со нив ги претвораат децата во камења, ама веднаш се сетив дека вештерки во вистинскиот живот не постојат и ми падна жал за старичката на која рацете ѝ се тресеа од старост.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Танаско ја црпна како да е малечко дете, ама таа и во неговите раце, здрвена како прачка, продолжи да ги помрднува нозете чиниш сака или како да има ниет на небо да се качи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ако земаш полкило, рибарот ти црпе од црвеноперките - со тас, како од црква позајмен; ако земаш цело кило, ќе ти црпне и од гајбата со кострешот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меракот на Рада не беше само да го направи, туку пообемно да црпне со големи лажици.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)