црнее (несв.)
„Чернеј горо, чернеј сестро..."
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И сума друзи работи на срце што ти легнале да не можеш да искажеш, а сал да збираш и тлееш, од ден на ден да црнееш, до дека јазик свој роден не зарѓа не занеме и прво млеко цицано од топли гради мајкини во отров не се преврти.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Угарта црнее, воловите бегаат по бразда, небарем штрколот ги брка, а тој едвај се гледа по нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Синко мој, на денешен ден татко ти отиде во Америка и мене ме остави млада да црнеам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А долу, под нас, црнееја долините. Ми се стори дека никогаш, таму долу, нема да се раздени...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Воопшто не личи на мугра. Небото црнее, се валка, а не дени.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таму на широката рамка од прозорецот се црнее небото избоцкано со ѕвезди.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сега беа дојдени и гробот беше единственото нешто, што се црнееше со раскопаната расквасена земја во таа бескрајна белина наоколу, во тие снегови, во таа загиначка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зад нив под месечината остануваа да се црнеат една зад друга нивните изорани крвави траги, по кои подоцна, како уште пострвни мршари, се собираа и го јадеа сиот тој снег, само најстарите и најбессилните, на кои годините и раните, што им течеа, не им даваа да се понесат на танецот на тоа виорно, крваво оро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На тесната поврвнина од ѕидот се црнееше стаклото со едво скршено окно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Горе, дури во синото небо, се црнееше врвот на планината Караорман.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Покривот на трлото веќе беше побелен, на гранките од дрвјата исто така се наѕираа бели наслаги, само патеката пред колибата се црнееше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Повремено излегуваше од пртта, која на места веќе се црнееше, што беше знак дека снегот брзо се топи, излегуваше на неколку чекори преку сѐ уште високите бедеми од натрупаниот снег, и ја мереше неговата дебелина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се црнее на снегот, ко гавран и вика да го оставам коњот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си идам јас оздола, вели, на еден жванец му ги стегав колцата, му клавав каврани, му ги опточував со шини, со обрачи и со тасои, вели, и гледам нешто ми се црнее на патот. Црно и бело заедно, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Околу нас сѐ е празно, сиво. Само по некој оголен трн се ниша на ветрот, по некој глог се црнее.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога ја виде како се црнее по трапот, голема колку магаре, срцето му заудира силно, студен трпнеж му помина по снагата, здивот му подзапре, го стисна кундакот колку што можеше посилно во рамото и спука.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во снегот околу неа се црнеат изгорените кибритчиња, дршки на ѕвездите што се скинале и паднале.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)