цокула (ж.)
Приказните ги убија во оној април кога војничките цокули ги корнеа жолтоглавите полски царици јаглики.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На припекот полека но сѐ повеќе цокулите отежнуваа, телата им се потеа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Види го она малендавото, испиеното, како удира со поткованите цокули, - му се обрати Пандо на Нумо: - Оп, за малку што не падна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се сопна, кутрото. Цокулите, гледаш, му се големи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тропаат поткованите цокули на Коста, шушкаат скинатите опинци на Кузе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Марширањето со војнички цокули не престана до првите сончеви зраци. Сигурно се марширало на смени.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не минаа ниту неколку мига откако сум заспал, ме разбуди силен топот најверојатно од војнички цокули кој идеше од собата над мене.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ѝ ги собуја со сила цокулите од нозете со кои се обидуваше да ги рита и ја турнаа право во скутот на Винстон, чии бутни коски одвај го издржаа товарот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И така Дуде растеше од Груда до Горда, додека слободата слегуваше од планините до градовите, прво во опинци па во цокули па во чевли, а сирењето што им беше и појадок и ручек и вечера сега го немаше ни за лек, додека се подавија во пипер и патлиџан, барабар во краставици со сите кривини, а девојчињата што ги израснаа крутите селски здолништа немаа со што да си ги покријат пожолтените гаќички па навлекуваа куси панталони од постарите браќа и ги префаќаа нивните кражби по соседските овошки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не треба ништо да носиш, освен подебел џемпер, гојзерици или цокули и волнени чорапи, тие патики ќе ти се распарталат на камењата и скрките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пак чукам, упорно удирам со тупаниците и со колената и со големите војнички цокули. Никој не отвора.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа нѐ пуштија дома, а мене, кога ме видоа бос, ми дадоа војнички цокули...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И лошо се чувствувавме затоа што одеднаш станавме цивили и чудно ни беше без нашите војнички цокули, панталони, блузи, капи, без наредби и команданти и бевме среќни што останавме живи...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не свртувај се наназад и не наведнувај се да си ја врзиш врвката на цокулата, баш левата.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Фармерки, волнен џемпер, спортска јакна и високи зимски мартинки, наместо војнички цокули.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Прашувај, мајче, прашувај - рече едниот од нив, со накривена капа и валкани цокули.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Фимка се загледа во него, го измери од валканите цокули до самоти капа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)