циронка (ж.)
Зборовите ѝ беа исушени како шупливи ореви, како циронки на низите, како глувина и тажен ѕун на садовите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Продадените циронки никого не направија богат. Денешните Нивичани сиромаштијата ја истераа со помош на туристите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се зборува дека старите Нивичани во минатото живееле од циронките што ги продавале и во најоддалечените села во леринско и костурско.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)