циничен прид.

циничен (прид.)

Со циничен смев ги покани да се предадат и му вети дека жените, децата и старците се под лична негова заштита, а водачите ќе се испратат лично на султанот во Истанбул тој да им пресуди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЛУКОВ: (Задоволен од ефектот на своите зборови, пак надмоќен и циничен.) Не присилувајте ме, Ви се молам, госпоѓо Христова, да ги изговорам гласно работите на кои им се противи моето домашно воспитание?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Откако ќе остане насамо со Христов, го гледа со надмоќна, цинична, насмевка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше исто како мечката да му дофрли уште некоја цинична потсмешка заради неговата лутина, во таа нерамноправна подигравка во која тој беше неспоредливо во подредена положба, без дури и да застане барем малку да го погледне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А, Циничниот филозоф, како приврзаник на кудењето, на борбата гради в гради, како и на дрскоста, го бира своето оружје: стапот... и идиотизмот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Додека одев кон своето место, го уловив погледот на Луција: таа насетуваше некаква крупна промена кај мене, оти никогаш порано јас немав задоцнето, ниту пак разговарав со таков циничен, препотентен тон со некој наставник; ме гледаше од ниско, и јас знаев дека меѓу нас е готово, дека мојот циркус е посилен од нејзината Партија; од друга страна, покрај неиздржливата болка дека ја губам, дека поминувам во еден друг свет, дека се реинкарнирам уште при живот, чувствував една неподнослива леснотија на постоењето, една слобода која ме опиваше: јас го имав, наспроти овој дисциплиниран клас, мојот циркус, и мојата Ина, со која за една ноќ бев полбизок одошто со Луција за четири години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Константин З имено, во овој миг работи на еден голем и изискуван проект на новата влада, имено на „конечното решение” што е циничен германски еуфемизам за истребувањето на Евреите од просторот на штотуку ослободените Нови предели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А кога ќе ја загубат самодовербата, стануваат цинични и саркастични кон останатите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
ХЕРЦОГ: А што ако е педантен, циничен Германец со два демонски заба на горната вилица?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)