цигаре (ср.)
Да запалиме по едно цигаре... (Зема за себе си да совитка и му ја дава кутијата на Котета). Земи запали. Кате, донеси оган.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Стојан седнува крај огнот и ги вади цигарите од џеб.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Илија си зачури со цигарето и покрај мелот, по тесното патче, се приближи крајната куќа од долното маало.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Една група старци држејќи ги во шепите цигарите свиткани од весникарска хартија и крупно дробен тутун, расправаат за нешто.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
— Благодарам, велам и ја кинам кутијата, се грабам за цигарите. Палам една, а ми иде сите да ги запалам наеднаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
До читалната имаше пушална, но Грдан ниту имаше цигари ниту пак пушеше; во библиотеката имаше и бифе, но тоа беше за оние што имаа барем ситни ако не крупни пари - од чадот на цигарите очите му се мрежеа, а од миризбите на бифето носниците му се ширеа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Остриот чад од цигарите свиткани од дебело дробен тутун истиснува солзи и тера на кашлање.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)