цивилен прид.

цивилен (прид.)

Битола се избира за резиденција на генералниот инспектор за Македонија и неговите советници – цивилните агенти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така им го пикнаа Грците на Французите божем за цивилна власт да им се најде додека тие си ги гледаат војничките работи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога по бојот на Алинци, во 1912-та, српските војски ја завојуваа Потковицата, веднаш востановија своја, српска воена и цивилна управа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со неа се поттикнува криминалот и во другите земји, доведува до појава на мафијашки организации, па дури и терористички акции кои ја загрозуваат нестабилната цивилна власт во сиромашните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Целото придвижување на денешната психијатрија, епитемизирано во DSM-III прирачникот кој е преведен на осумнаесет светски јазици, е во тоа што таа ширум светот го пропагира лишувањето на човекот од неговите цивилни слободи, од неговиот хабеас корпус; плус насилна хемикализација, заточување на луѓето, примена на електрошокови и мачења што не предизвикуваат телесни повреди, а сето тоа со цел да се хомогенизираат луѓето што не се наоѓаат „на линија“. 60 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе си донесам дифтерија или стар кловн во цивилна облека.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа се тие патријархални „компетенции” што ни порачуваат дека нив не ги интересира историскиот живот на народот кој се развива правно, економски, културно, кибернетички, кој ја рационализира својата природа и во една цивилна општествена форма ги испитува одредува причините и последиците на своето историско постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дури и цивилната полиција малку се занимаваше со нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И потем рече: „Јас само сакам да лежиш малку мирна и да ми дозволиш да си ја исполнам својата последна цивилна желба“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Крај нив имаше и други луѓе, во униформи и во цивилна облека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Малку подалеку, имаше и цел ред полицајци, во цивилна облека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Куририте кои слегуваа во градот одеа во цивилна облека – ми објасни таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како одговор на сѐ позасилениот разгор на НОБ, бугарските окупаторски сили извршиле повеќе масовни злосторства врз цивилното население во Македонија (стрелањата во: с.Дабница-Прилепско; с. Ваташа-Кавадарско; с.Пуста Кула-Велешко и др.)
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Речиси на сите улички во Картагина беше поставен по еден наоружан војник или полицаец, како и наоружени лица во цивилна облека. Најверојатно Палестинци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите ранети, како и цивилното бегалско население и децата биле прифаќани како Грци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе