целодневен прид.

целодневен (прид.)

Пладнеевме целодневно, целисходно. Чашите беа масни, шишињата празни.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ритамот на ресторанските оркестри на далечните отворени тераси го полнеше свежиот воздух на градот, разбуден по целодневниот дремеж на жешкиот ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Изморени и капнати од целодневното одење, легнуваат на влажните лисја и слама - една додруга, тело до тело, притиснати, гушнати; си дишат в лице, в чело, в грб, превиткани од студенилото и влагата што влегува под кожа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)