целивка (ж.)
Беше среќен од нејзините врели целивки додека таа во него ме бараше мене.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)